Златибор -Zlatibor
23-ти Октомври ВО ЗЛАТИБОР
(Со посета на Сирогојно и Дрвенград)
Златибор, еден од најстарите и најубавите туристички центри во југозападна Србија, во минатото привилегија на најбогатите а денес еден од најпосетените места на Балканот, достапен за сите...
Прв ден: 22.10.2020
Поаѓање на групата од Кавадарци во 21:00 h, Скопје 23:00 h и Куманово во 23:30h и тргнување кон Златибор преку граничниот премин Табановце со попатни паузи.
Втор ден: 23.10.2020
Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор, (http://www.vilajelena-zlatibor.com/ ) во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Вечера во ресторанот. Ноќевање.
Трет ден: 24.10.2020
Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот Бела Вода и познатата железница Шарганска Осмица. Во попладневните часови враќање во Златибор. Вечера со музика во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 25.10.2020
Појадок. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и пазарот за сувенири и добро познатата златиборска пршута и кајмак. Тргнување за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 6.150 денари
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
- Две ноќевања со појадок и вечера во Вила Јелена
- Посета на Сирогојно, Дрвенград и изворот Бела Вода
- Организација и реализација на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
- Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
- Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)
- Туристичка такса која се плаќа во хотел - 2 евра по лице за двете ноќи
- Патничко осигурување ( за информации обратете се во агенцијата )
Напомена: За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници.