Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Velingrad leto / Велинград лето

 ВЕЛИНГРАД : 11-ТИ ОКТОМВРИ

 
§ Прв ден – 11.10.2019
Состанок на групата и поаѓање во 02.00 ч. кон Велинград со попатни паузи. Пауза за кафе и појадок во ресторан Стари Београд во близина на Софија/Пловдив. Пристигнување во Велинград. Панорамски разглед на градот, езерото Клептуза и запознавање со историјата на Велинград. Можност за ручек во традиционален ресторан (салата, главно јадење, десерт, вода - 8€). Сместување во хотел. Време за слободни активности и користење на СПА Центар. Вечера. Ноќевање.
§ Втор ден – 12.10.2019
Појадок. Можност за екскурзија – патување со воз низ прекрасен планински предел со над 40 тунели. Возот се движи прилично бавно со што патниците имаат можност да уживаат во една од најинтересните железници во Европа. Следи посета на атракција зачувана од минатото - уникатен пазар во центарот на одморалиштето Јундола. Секој ден шарениот и живописен пазар привлекува голем број посетители. Луѓето застануваат да гледаат штандови исполнети со подароци од природата - билки, печурки и бобинки. Локалните производители на еко-производи ја гарантираат чистотата и квалитетот на нивните грав, компири, домашно сирење, жолто сирење, путер, јогурт, итн. Враќање во хотел. Време за слободни активности и користење на СПА Центар. Вечера. Ноќевање.
§ Трет ден – 13.10.2019
Појадок. Напуштање на хотелот во 12 ч. Поаѓање кон Скопје со попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.
 
 Цена за пакет аранжман : 99€ | 6.138 ден/  
 
Цената е по лице и вклучува :
ü Организиран превоз на релација Скопје – Велинград - Скопје
ü Сместување во хотел Панорама 4*
ü 2 ноќевања на база појадок и вечера
ü Користење на СПА Центар и базен со минерална вода
ü Панорамски разглед на Велинград
ü Професионална организација
 
Во цената не е вклучено :
·         Ручек во традиционален ресторан во Велинград на 11.10.2019 – доплата 8€
·         Екскурзија – патување со воз и посета на пазарот во Јундола – доплата 7€
·         Туристичка такса - 1€ по лице на ден
·         Патничко осигурување
 
Напомена :
       За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници
       За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање.
 
 

Price from : 99.00 €

Book