Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Tenerife

 Ценовник 

Хотел „Catalonia Las Vegas” ****, Порто де ла Круз

Локација
Хотел "Catalonia Las Vegas" 4 * е лоциран во самиот центар на одморалиштето Порто де ла Круз, во близина на уникатниот комплекс "Лаго Мартианес". Хотелот има уникатна глетка, како кон морето, така и кон природниот парк "Кањадас". Хотелот се наоѓа само на 38 километри оддалеченост од главниот град на островот Санта Круз де Тенерифе, на 36 километри од националниот парк "Кањадас" и вулканот Теиде.
 
Карактеристики во хотелот
Лоциран е на првата линија на морето. Хотелот нуди на своите гости отворен базен со чадори и лежалки, миниголф и пинг-понг маси.
 
Соби
Хотелот располага со 261 соби. Сите соби се опремени со модерен и удобен мебел и располагаат со ТВ, клима уред, бања со када или туш и бесплатен Wi-Fi.
ДЕН 1
Софија – Тенерифе
Заминување од аеродромот во Софија со директен чартер лет. Пристигнување на аеродромот во Тенерифе. Трансфер до хотелот. Вечера. Ноќевање.
ДЕН 2
Порто де ла Круз
Појадок. Информативна средба. Ручек.

Туристичка програма во Порто де ла Круз (вклучено во цената): Порто де ла Круз - втор најгусто населен регион на островите, каде што започнува да се развива туризмот на Канарските острови. Главната атракција тука е катедралата "Нуестра Сенор де ла Пена де Франс" - типичен католички храм, кој се наоѓа во централниот дел на Порто де ла Круз. Во катедралата се наоѓаат едни од најпочитуваните олтари на островот - "Дева Кармен од Порто де ла Круз" и "Голямата сила на Бога". Посета на ботаничка градина (со вклучена влезна такса). Дизајнирана во 1788 година по нарачка на кралот Карлос III, ботаничката градина денес зазема површина од околу 12 хектари и претставува на своите посетители над 2 илјади видови на растенија. Вечера. Ноќевање.
ДЕН 3
Остров Ла Гомера
Појадок. Слободно време за плажа или туристичка програма по желба. Ручек. Вечера. Ноќевање.

Туристичка програма по избор: целодневна екскурзија до Остров Ла Гомера ( на англиски јазик): Трансфер до кејот на Лос Кристианос. Патување со траект до пристаништето Сан Себастијан – главен град на остров Гомера, од каде што започнува искачувањето до Национален парк Гарахонај - суптропска шума и биосферски резерват заштитен од УНЕСКО. Кратка пауза на видиковецот "Деголада Пераза". Поаѓање преку националниот парк кон населбите Лас Росас и Агуло - ручек во локален ресторан со каде ќе ви биде претставен традиционалниот и уникатен за островот т.н. "Начин на зборување со свиркање". Враќање во Сан Себастијан. Слободно време за посета на Торе дел Конде и куќата на Колумбо.
ДЕН 4
Санта Круз де Тенерифе – Сан Кристобал де Ла Лагуна – Плажата Лас Тереситас
Појадок. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

Туристичка програма по избор: Екскурзија до Санта Круз, Сан Кристобал де ла Лагуна, Лас Тереситас и видиковецот "Мирадор Лас Тереситас" со времетраење 6 часа (со услуга на бугарски јазик): Поаѓање од Порто де ла Круз кон главниот град на остров Тенерифе - Санта Круз де Тенерифе, кој е најголем град и главен административен центар на автономна покраина Канарски острови. Кратка пешачка тура во централниот дел на градот: плоштадот "Шпанија", главната трговска улица. Слободно време за прошетка. Заминување за Сан Кристобал де Ла Лагуна - Студентскиот центар на остров Тенерифе. Кратка пешачка тура во централниот дел на градот: Плоштад "Аделантадо", Доминиканскиот манастир, зградата на општината, катедралата на Ла Лагуна. Заминување за Плаја де лас Тереситас за на плажа. Посета на видиковецот "Мирадор лас Тереситас".

ИЛИ

Walking tour в природен резерват Малпас де Гуимар со водич на англиски јазик: Резерватот се наоѓа на источниот брег на остров Тенерифе. Лесна и пријатна прошетка сред убавата природа која што започнува на пристаништето Ел Пуертито де Гуимар (на 54 км од Порто де ла Круз), продолжува околу 3 часа и завршува пак на истото место. За време на овој близу 7 километров тур имате можност да уживате во специфичната флора, на мноштвото ендемични растенија, задржани во резерватот и да направите слики меѓу вулканскиот пејзаж и живописните пештери.

*Не заборавајте да си подготвите удобни чевли, облека, ранец, мантил, капа за сонце, вода, храна и мобилен телефон со полна батерија и активиран роаминг!

* Walking tour-от се спроведува само во соодветни временски услови! Екскурзијата не е погодна за туристи со проблеми во движењето или со други здравствени проблеми!
ДЕН 5
град Ла Оротава – Икод де лос Винос
Појадок. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

Туристичка програма по избор: Полудневна екскурзија – тура на северниот дел на островот (со услуга на бугарски јазик): Поаѓање од Порто де ла Круз за Ла Оротава - град познат по својата исклучителната архитектура. Пешачка тура во централниот дел на градот: црквата "Сан Аугостин", зградата на лицеја, зградата на општината, куќата со балконите, катедралата " Нуестра сењора Де ла Консепсион". Долината на Оротава е позната по своите импресивни пејсажи, крунисани со вулканот Теиде, тропска клима и прекрасни градини. Заминување кон јужниот дел на островот и крајбрежјето и карпестите формации Гигантите, распоредени по северозападниот брег на Тенерифе со највисока точка до 800 метри. Продолжуваме кон Икод де лос Винос - дом на најголемото и високо Драсаена драко( Змејово дрво) во светот. Кратка прошетка за фотографирање и по желба дегустација на ликер од банана и рум со мед локално производство.
ДЕН 6
Тенерифе
Појадок. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

Туристичка програма по избор: Прошетка со туристичко бродче "Шогун" и набљудување на делфини (со услуги на англиски јазик): Наутро трансфер до пристаништето Порто Колон кое се наоѓа во јужниот дел на островот. Околу 10:30 часот поаѓање со туристичко бродче "Шогун" - ќе имате можност да набљудувате делфини во нивната природна средина. Тенерифе е второ најпопуларно место во светот каде што може да се видат делфини и китови пилоти. Не ја пропуштајте оваа можност и уживајте во нивното шоу! За време на патувањето ќе може да уживате во сончевите зраци, да пливате во прекрасниот залив "Маска" со кристална вода и да ручате на бродот. Враќање на пристаништето во Порто Колон околу 15.30 ч. Трансфер до Порто де ла Круз со времетраење околу 1:30 часот.
ДЕН 7
Национален парк Тејде
Појадок. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

Туристичка програма по избор: Екскурзија до национален парк "Теиде" со времетраење 6 часа (со услуга на бугарски јазик): Ова е еден од најпосетуваните национални паркови во Шпанија и во светот , кој е познат по импресивните глетки. Од 2007 година се вбројува во Листата на светско - културно и природно наследство на УНЕСКО. Врвот Теиде е висок 3718 метри што е највисока точка во цела Шпанија. Поаѓање кон Агуамаса. Пауза кај карпестите формации "Маргарита де Пиедра". Од националиот парк "Теиде" се продолжува со автобус кон Белата планина до 2356 метри надморска висина, од каде што доколу дозволуваат временските услови туристите ќе имаат можност со лифт да се качат до горната станица на висина 3555 м. (доплата на лице место - 27 EUR по турист ). Од таму се отвара панорама кон островите Ла Гомера, Јеро, Палма и Гран Канарија. За туристите кои не користат лифт до 3555 метри висина, организирана е панорамска тура со автобус на Калдера на Теиде во времетраење од 1:30 ч., при што се посетува вулканскиот комплекс "Los Roques de Garcia" и видиковецот во долината Уканка. Потоа турата продолжува покрај Исања каде се наоѓа Центарот за истражување и проучување на атмосферата. Турата продолжува кон видиковецот "Тортата", "Местото на Злото", "Фонтаната на Џоко" и "Ортуньо", потоа спуштање кон Есперанса. Непосредно пред Порто де Ла Круз туристите ќе уживаат во најубавиот пејсаж во светот според германскиот географ Александар фон Хумболт од истоимениот видиковец со неповторлива глетка кон Теиде и Атлантскиот океан.

По избор: еднодневен билет за посета на тематскиот парк "Лоро Парк", кој се наоѓа во одморалиштето Порто де ла Круз што е на површина од 13,5 хектара и претставува најголемата атракција на Тенерифе и задолжителна станица за секој посетител на Канарски острови, вистинско рајско катче каде може да се забележат различни егзотични растителни и животински видови. Паркот кој е првично создаден како парк за папагали прераснува во најдобриот парк во Европа. Во него можете да следите различни претстави како шоу со фоки, делфини и китови. Во склоп на паркот е и најголемиот пингвинариум, кој обезбедува арктичка клима – во тек на еден ден врне 12 тони снег.

*Посетата на паркот е индивидуална. Пред хотел “Catalonia Las Vegas”4* застанува вовче со кое е обезбеден бесплатен превоз до влезот на “Лоро Парк” на секои 20 мин.
ДЕН 8
Канделарија – Плажа Лас Америкас – Софија
 
Појадок. Слободно време за плажа или туристичка програма по избор. Ручек во хотелот. Трансфер до аеродромот. Заминување за Бугарија. Пристигнување на аеродромот во Софија.  

Туристичка програма по избор: екскурзија до јужниот дел на островот (на бугарски јазик): Поаѓане од Порто де ла Круз кон јужното крајбрежје на островот. Посета на градот Канделарија. Тука се наоѓа главниот храм на Канарските острови - кралската базилика "Богородица од Канделарија", каде што се наоѓа статуата на Богородица, позната како Црната мадона - светица заштитник на жителите на Канарските острови. На плоштадот со лице кон океанот можат да се видат статуите на Гуанчес (царевите) - првите жители на Канарските острови. Посета на Плаја де Лас Америкас, каде што ќе има слободно време за прошетка или плажа. Враќање во Порто де ла Круз за ручек.

 

Корисна информација:
Сместувањето е во стандардни соби со балкон!
Премиум собите располагаат со поголема површина, поглед кон океанот, Лаго Мартианес или Порто де ла Круз, климатизација, сет за кафе / чај, фен, дигитален сеф - со доплата.
Редоследот на на екскурзијата се дефинира на место!
Рок за откажување на екскурзијата поради недоволен број на пријавени патници - минимум 30 дена пред почетниот датум.
Минимален број на туристи, потребен за потврда - 150 луѓе.
Услови за резервација: депозит - 35% од основната цена + цената на дополнителните екскурзии; целосна исплата - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за анулирање: до 31 дена пред почетниот датум: 35% од основната цена; от 30 дена до почетниот датум на патување - 100%.
Деца до 2 години (неполни) - бесплатно на дополнителните екскурзии.
Деца под 2 години плаќаат само такса за летот во износ од 160 лв.
Медицински и здравствени услови: Нема медицински и здравствени услови, поврзани со патувањето.
Визно-пасошки режим: Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.
 
Во цената е вклучено:
Директен чартер лет од Софија со "Bulgaria Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж (до 5 кг) и чекиран багаж (до 20 кг)
7 ноќевања на база полн пансион во хотел "Catalonia Las Vegas" **** (или сличен) - Порто де ла Круз, Тенерифе
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Прошетка во Порто де ла Круз со посета на ботаничката градина (со вклучена влезна такса) и катедралата "Нуестра Сенор де ла Пена де Франс"
Претставник на македонски/српски/бугарски за време на престојот
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Кроација осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
Во цената не е вклучено:
Такса гориво и загадување - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде објавена таква)
Туристичка такса - во случај да биде воведена таква
Дополнителни екскурзии
Трошоци од личен карактер
Влезни трошоци за други музеи, објекти и манифестации, кои што се посетуваат по сопствен избор, градски превоз
Трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје (при минимум 6 души)
 
 
 

Цена од : 731.00 €

Резервирај