Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Istanbul-Turcija

Цена : 90€ / 5.580.00 ден.

1 ДЕН   22.05.19  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ:Состанок на групата спроти хотелот VIP во 16.00 ч. Поаѓање за Истанбул во 16:30. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ДЕН  23.05.19  ИСТАНБУЛ: Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Предлагаме релаксиран и прекерасен излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Големо острово. По разгледот на Големиот остров враќање во Истанбул. Сместуваме во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ДЕН  24.05.19 ВИЗАНТИСКИ и СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ: Појадок. Слободен претпладне. Околу 11 часот факултативен излет кој ве води во славното и бурно минато на Византиските Императори и Османлиското царство: Прво ќе ја разгледаме познатата Аја Софија, ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот, Византискиот Хиподром, палатата на Ибраим Паша, Амамот на Хурем Султан. Ќе влеземе во најпознатата палата во светот- Топ Капи  која ќе не фасцинира со своето богатсво и големина и секако ќе влеземе во забранатата зона со векови – Султанскиот Харем – со локален водич, можност за факултативно крстарење или Istanbul night tour. Ве водиме и во Капали чаршија на шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН  25.05.19  ИСТАНБУЛ: Појадок. По појадокот Ве водиме во најголемата султанска палата Долма Бахче Сарајот, која ќе ве воодушеви со својата елеганција, отменост, богатство. Седиште на последните Султани и на Кемал Ататурк, а потоа заминуваме кон Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул, Турција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на "прв меѓу еднаквите" од останатите православни епископи во светот.  Дневно крстарење по Босфор.Попладнето враќање кон хотелот. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности.


Ноќевање


5 ДЕН 26.05.19  ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ: Појадок. По појадокот слободно време за прошетка и шопинг низ Капали Чаршија, по што следува упатување кон  некој од шопинг центрите во Истанбул. По шопингот тргнуваме за Македонија. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

6 ДЕН  27.05.19 СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во утринските часови.


 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Три ноќевања со појадок во хотел 3* 

Автобуски превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје

разглед на градот со локален водич

Туристички пратител на програмата

 

Организација и реализација на програмата

 

ВО ЦЕНАТА НE Е ВКЛУЧЕНО:

Задолжително патничко и здравствено осигурување - 250 денари

Факултативни излети и посети


 

Факултативни излети и посети

 


     Пакет 1 : 25 еур

1.1.Панорамски разглед на градот  10

1.2.Таксим 5€

1.3.Чамлиџа 10€

1.4.Посета на Sapphire Seyir Terasi  на Азиската страна на Истанбул со автобус и водич 20€

 

              Пакет 2 : 25 еур

2.1.Патријаршија 5 €

2.2.Крстарење по Босфор 20 €

2.3.Отомански и Византиски Истанбул  10€

 

   

Пакет 3: 60 еур  

3.1.Аја Софија (со вклучена аудио опрема) – 19€

3.2.Топ Капи (без Харем) – 15€

3.3.Харемот во Топ Капи палатата – 10€

3.4.Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница 25€

 

      Останати факултативи

Свечена вечера на брод со Турска програма – 35

Принцески острови   15

Аквариум 12 €

Yerebatan sarnici 10 €

 

Цена од : 90.00 €

Резервирај