Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Novi Sad

1 ден  30.12.2018                Куманово – Нови Сад
Состанок на групата во 02:00 часот. Патувањето води преку граничен премин Табановце со Царински формалности и  попатно планирана пауза по договор. Пристигнување во Нови Сад во пладневни часови. Разгледување на Нови Сад со локален водич:Петроварадинска тврдина, разглед на најстарите улици Дунавска и змај Јован,црквата Св.Ѓорѓи,градска куќа,Плоштадот на слободата....Слободно време за ручек и индивидуални активности .Во попладневните часови се упатуваме во хотел. Ноќевање.
 
2 ден 31.12.2018              Нови Сад
Појадок. После појадокот следува прошетка и посета на шопинг центар во близина на Нови Сад ,слободно време за ручек и индивидуални активности.Во попладневните часови по желба користење на
спа –центар(базен и сауна).Одмор и припрема за дочек на Новата 2019 година. Ноќевање.

3 ден 01.01.2019         Нови Сад   -   Куманово
Доцен појадок. Одјавување од хотелот.Се упатуваме кон Белград.Прошетка на Белград и слободно време за ручек и индивидуални активности. Поаѓање за Куманово со попатни паузи за одморпо договор, пасошка и царинска контрола . Пристигнување во доцни вечерни часови.
Цена по лице :
рана уплата   189 евра /11.718 денари   до 25 ноември 2018
Редовна цена 199 евра/12.338 денари
 
Во цената Е вклучено:
-Превоз со висoко туристички автобус
-Две ноќевања со појадок на база на шведска маса во хотел Парк 5 *
-Туристичка такса
-Разглед на Нови сад со локален водич
-Разглед на Белград
-Свечена Новогодишна вечера
Коктел за добредојде,свечена вечера на база на шведска маса со пијалоци,
Шампањ на полноќ со бенд во живо и многу изненадувања.
-Користење на СПА центар (базен и сауна),детско катче.
-WI-FI,паркинг за автомобили и автобуси
 
Во цената не е вклучено :
-Патничко осигурување
 
Напомена:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
 

Цена од : 189.00 €

Резервирај