Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Вила "Angeliki"--Kalamitsi

ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.12.2018 ПОПУСТ 20%

Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија.

Вилата Angeliki се наоѓа на само 100 метри од една од најубавите плажи на најмалото скриено богатство на Ситонија-Каламитси. Во оваа раскошна вила располагаме со трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат со пространи тераси од кои некои имаат бочно поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети  се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор за уживање: тука децата можат безбедно да играат, а за возрасните еден дел од  просторот е опремен со дрвени маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг. Напомена: Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години. Во студиото B8 има помошен кревет на расклопување, а во студиото B9 дополнителен кревет.

 

 

Вила „Angeliki” - Каламитси

Термин:

Ноќевања:

1/3 студио

1/3+1 студио со помошен кревет

1/3+1 студио со дополнителен кревет

20.05-30.05.2019

10

11.160 ден (180 €)

11.780 ден (190 €)

13.020 ден (210 €)

30.05-09.06.2019

10

17.360 ден (280 €)

17.980 ден (290 €)

 19.220 ден (310 €)

09.06-19.06.2019

10

23.560 ден (380 €)

24.180 ден (390 €)

25.420 ден (410 €)

19.06-29.06.2019

10

27.900 ден (450 €)

28.520 ден (460 €)

29.760 ден (480 €)

29.06-09.07.2019

10

32.860 ден (530 €)

33.480 ден (540 €)

34.720 ден (560 €)

09.07-19.07.2019

10

40.300 ден (650 €)

40.920 ден (660 €)

42.160 ден (680 €)

19.07-29.07.2019

10

40.300 ден (650 €)

40.920 ден (660 €)

42.160 ден (680 €)

29.07-08.08.2019

10

40.300 ден (650 €)

40.920 ден (660 €)

42.160 ден (680 €)

08.08-18.08.2019

10

40.300 ден (650 €)

40.920 ден (660 €)

42.160 ден (680 €)

18.08-28.08.2019

10

37.200 ден (600 €)

37.820 ден (610 €)

39.060 ден (630 €)

28.08-07.09.2019

10

27.900 ден (450 €)

28.520 ден (460 €)

29.760 ден (480 €)

07.09-17.09.2019

10

19.840 ден (320 €)

20.460 ден (330 €)

21.700 ден (350 €)

17.09-27.09.2019

10

15.500 ден (250 €)

16.120 ден (260 €)

17.360 ден (280 €)

 

 

- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз

- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Каламитси

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

 

 

Цена од : 180.00 €

Резервирај