Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Златибор -Zlatibor

Златибор - 11ти Октомври
ЗЛАТИБОР 
 
(Со посета на Сирогојно, ВишеградДрвенград)
Златибор, еден од најстарите и најубавите туристички центри во југозападна Србија, во минатото привилегија на најбогатите а денес еден од најпосетените места на Балканотдостапен за сите...
Прв ден: 10.10.2019
Поаѓање на групата од  Кавадарци  во 21:00 h и тргнување кон Златибор преку граничниот премин Табановце со попатни паузи.
Втор ден: 11.10.2019
Пристигнување во Златибор во утринските часови. Слободно време за прошетка низ градот. Околу пладне сместување во Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор, (http://www.vilajelena-zlatibor.com/ ) во двокреветни и трокреветни соби. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Враќање во вилата. Вечера во ресторанот. Ноќевање.
Трет ден: 12.10.2019
Појадок. Заминување на групата кон Вишеград, Република Српска. Пристигнување во Вишеград и разглед на градот со локален туристички водич: Мостот на Дрина,Андриќ град, ремек делото на познатиот филмски режисер Емир Костурица кој го направил овој “град во град”, посветен на познатиот писател Иво Андриќ. Слободно време за ручек и прошетка низ градот. Во попладневните часови враќање кон Златибор со попатна посета на Дрвенград, уште едно дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Во вечерните часови враќање во Златибор. Вечера. Ноќевање.
 
Четврти ден: 13.10.2019
Појадок. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор а и  веднаш до центарот се наоѓа и пазарот за сувенири и за добро познатата златиборска пршута и кајмак. Тргнување за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
 
Цена на аранжманот: 6.000 денари
 Цената на аранжманот вклучува:
  • Превоз со високо туристички автобус на наведена релација
  • Две ноќевања со појадок и вечера во Вила Јелена во центарот на Златибор
  • Организација и реализација на патувањето
 
Цената на аранжманот не вклучува:
  • Посета на Дрвенград и Вишеград со локален водич – 5 евра
  • Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
  • Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)
  • Туристичка такса која се плаќа на рецепција на хотелот- 2 евра по лице за двете ноќи
  • Патничко осигурување ( за информации обратете се во агенцијата )
Напомена: За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници.
 
 

Цена од : 96.77 €

Резервирај